По 32 години решена мистеријата: Динго го усмрти бебето

По 32 години во Австралија е решен случајот со исчезнувањето и смртта на бебето Азариа Чембрлен кое во 1980 година го снема од еден камп.

По 32 години австралискиот суд донесе конечна одлука за случајот. Динго, односно австралиското диво куче навистина го однелo осуммесечното бебе, исто како и во филмот „Крик во темницата“ кој е снимен за овој случај.

Досега родителите на осуммесечното бебе беа обвинети за убиството. Во текот на првото судење во 1982 година Линди Чембрлен беше прогласена за виновна за убиството на нејзината ќерка и осудена на доживотен затвор, а нејзиниот сопруг беше прогласен за виновен за соучесништво.

По пронаоѓањето на дел од облеката на бебето во деловите кои се преполни со динга, двајцата беа ослободени од обвинувањата.

„Австралија не може повеќе да тврди дека дингото не е опасно. Ни олесна што оваа сага е завршена и што можеме да продолжиме со своите животи и да ја оплачеме нашата ќерка во мир“, рече по пресудата Линди Чембрлен.

Би можело да ве интересира

Во австралиската држава Викторија стапи во сила Законот за евтаназија

A1on

„Ненајавена“ посета на кинески бродови во Сиднеј

A1on

Во Австралија запленети 1,6 тони метамфетамини

A1on

Австралиската полиција упадна во јавниот сервис, претресени новинари

A1on

Најмалку четворица убиени во хотел во австралискиот град Дарвин

A1on

Ледено невреме ја зафати источна Австралија

A1on

1 comment

СИГМА 12/06/2012 - 11:42 at 11:42

Ред е и ќерката да почива во мир но и родителите да тагата,жалоста во духовен мир ја оплакуваат.Да недаде господ ова на никиј родител се случи но… нема поголема болка кога против љубовта за децата се измисли зло кое ни природата не го признава.Зар има поголема љубов од рожба.Која е смисолот на чивотот без нив .НЕЗНАМ. И несакам да знам.

Reply

Leave a Comment

twenty − eleven =