Преспанчани бараат да се пушти граничниот премин Маркова нога

Граничниот премин Маркова нога, со соседна Грција да биде отворен најитно што може бараат жителите на Преспа.
Тие велат дека во отварањето на преминот гледаат единствена надеж за заживување на регионот и поврзување со соседите од Грција.

Иако до грчка територија не делеше помалку од еден километар, дозоволено за движење е само до рампата на преминот од македонска страна. Од таму до грчка страна води неасфалтиран пат по кој жителите во 60-тите години оделе по мрежи и по риба во Грција.

„Најубаво е да ни ја пуштат границата. Јас кога имав 15 години одев преку граница. Си пазаревме таму. Одевме со велосипед и се враќавме. Имаше царинарница на наша и на нивна страна. Си поминувавме не со пасош, туку со ливче од полиција“, вели жителка на Преспа.

„Да се пушти преминот да е убаво и да има комуникација. Поранешна ЈНА кога беше, оделе старите, комуницирале“, рече сограѓанин.

„Треба да се пушти преминот. На жителите на Ресен, Охрид им е поблиску од овде. Порано работел да, но јас не се сеќавам“.

Некогашната караула сега е преадаптирана во полициска станица во која се сместени давесеттина полицајци и припадници на граничната полиција.

Граничниот премин Маркова нога кај Преспа не функционира веќе 5 децении. Жителите од првото грчко село Лемнос, за да стигнат до Препса треба да поминат цели 120 километри, односно треба да стигнат до граничниот премин Меџитлија кој се наоѓа во близината на Битола.

Во времето на Југославија постоел договор за движење на жителите од околните населени места во меѓуграничниот појас од десет километри само со лични карти и специјални дозволи. Крајот на 60-те години Маркова нога се затвора поради смена на власта во Грција и доаѓањето на власт на т.н. Воена Хунта ни рекоа жителите.

Полицајците кои беа на смена при нашата посета на преминот, не сакаа да зборуваат пред камера. Само ни рекоа дека проблеми нема и оти илегалните преминувања се сведени на минимум. Инаку прашањето за отварање на Маркова нога досега е актуелзиирано неколку пати. Првпат во 1999 година на средбата на министрите за надворешни работи Александар Димитров и Јоргос Папандреу.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жителите на Јака: „Елитната населба“ е целата во кал, во потполн мрак, без јавен превоз

A1on

Заев: „Запознај ја Преспа” ќе ги привлече граѓаните да го посетат Преспанското Езеро

A1on

Презентација на традиционалната храна и култура за запознавање на Преспа

A1on

„Запознај ја Преспа“ – Промоција на традицијата, храната и културата во Преспа

A1on

Манифестација „Запознај ја Преспа“, запознај ја нејзината традиција, храна и убавини

A1on

Гавроглу до учениците од Ресен, Преспа и Пустец: Учествувавте во еден од малите чекори направени во историјата

A1on

Leave a Comment

2 × four =