Сите да ги поздравиме Кралевите

Екипата на Лос Анџелес Кингс и официјално стана шампион во НХЛ лигата и го освоија својот прв Стенли куп трофеј во историјата.

Откако во финалната серија ја искористија третата шанса, со вкупни 4-2 славеа во финалето против Њу Џерси Девилс.

На последниот натпревар славеа со 6:1 на домашен терен. По два гола постигнаа Картер и Луис, а Браун и Грин по еден.

Ова беше „шлаг на тортата“, ако го земеме во предвид фактот дека Кингси на последниот натпревар во регуларниот дел од сезоната обезбедија учество во доигрување и од осмата позиција станаа шампиони, прв пат во историјата се случува такво нешто.

На патот до титулата го совладаа Ванкувер со 4-1, Сент Луис со 4-0, Феникс со 4-1 и Њу Џерси со 4-2 со ниту еден пораз на гостински терен.

Би можело да ве интересира

Поставен нов рекорд во финалето на „Стенли купот“

A1on

Прво финале за Вашингтон во НХЛ по пауза од две децении

A1on

Титулата во НХЛ лигата за Питсбург

А1он

ВИДЕО: Ја полуде публиката со својот задник на големиот екран

А1он

ВИДЕО: Хокерски голман постигна гол во последните секунди од натпреварот

А1он

Кејн го предводеше Чикаго до победа против Бостон

А1он

Leave a Comment

three × 2 =