ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не изгради ниту еден пат

СДСМ е партија која што нема образ да зборува за проекти и инвестиции во патната инфраструктурата. Врв на лицемерие е СДСМ да зборуваат за нови патишта, кога тие не изградија и не реконстуираа ниту еден пат, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на соопштението од СДСМ за патната инфраструктура.

Според ВМРО-ДПМНЕ, единствено по кое СДСМ се запаметени од граѓаните е започнувањето на изградбата на автопатот Велес-Прилеп, кој никогаш не го довршиле.

За разлика од времето кога СДСМ беше на власт, се вели во реакцијата, денеска како никогаш порано се инвестира во изградба на нови патишта и автопати низ целата држава.

– Во моментот се одвива изградба на повеќе автопати истовремено, во изградба се автопатите Демир Капија–Смоквица, Миладиновци-Штип, Кичево-Охрид, Смоквица-Гевгелија и Куманово-Миладиновци. Дополнително во тек е и реконструкција на повеќе регионални патишта, како што се, Битола–Ресен–Буково, Бошков мост–Дебар, Кочани–Делчево, Опае–Бељаковце–Станичиќ и уште многу други низ целата држава. Во наредниот период е планирана изградба и на повеќе експресни патишта, како Штип–Кочани, Ранковце–Крива Паланка, Штип–Радовиш, Битола до граничен премин Меџитлија, наведува ВМРО-ДПМНЕ и додава дека во иднина ќе продолжи со инвестиции како во патната инфраструктура така и во железничата инфраструктура.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Пред УНЕСКО Владата на СДСМ предложи еден закон, пред пратениците испрати друг законски текст

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ откако дојде на власт ги лаже земјоделците

ВМРО-ДПМНЕ: Што договарал Костадинов на средбите со Боки 13?

(ВИДЕО) Стоилковски: Дивоградбата на власт мора да замине, избори мора да се распишат

ВИДЕО: Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Галена Николовска-Ризвановиќ

(ВИДЕО) Мицкоски за лидерската: Театар за дефокусирање од вистинските теми не ни е потребен

Галена Николовска-Ризвановиќ