САД ќе преземат дополнителни мерки како одговор на тврдењата дека руски хакерски напади влијаеле врз претседателската кампања, а неодамнешните потези се само почеток, изјави американскиот секретар за одбрана Еш Картер.
– Некои реакции се преземени. Разберете го тоа како почеток, а не крај, изјави Картер на прес-конференција во Пентагон.
Американскиот министер додаде дека одговорот на САД нема да вклучува само контрахакерски напади.