Ѓорчев: Државата ќе доделува грантови за стари занаети и сопствен бизнис

Од:

Носителот на кандидатската листа на коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во Шестата изборна единица, Влатко Ѓорчев, попладнево оствари средби со граѓани на Дебар.

Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, како што истакна на средбата, се предвидени и грантови за стари занаети и за почнување свој сопствен бизнис. Освен што државата ќе дава грант од 5000 евра за стари занаети занаетчиите ќе добиваат и бесплатна обука. – Во програмата предвидуваме и неповратни средства во висина од 4000 евра за самовработување на лица кои што се невработени, а кои сакаат да стартуваат свој бизнис, рече Ѓорчев.

Тој посочи дека поволности ќе добијат и пазарџиите кои што ќе сакаат да го формализираат и легализираат својот бизнис.

– Се предвидува ослободување од социјални придонеси и ќе добијат и други поволности до 3 години доколку нивната возраст е под 35 години. Станува збор за добри мерки кои ќе ја намалуваат невработеноста, оцени Ѓорчев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски