Обновена фасада на објект од староградска архитектура во струшката чаршија

Во рамките на програмата на Министерството за култура за обнова и конзервација на повеќе фасади од старата градска архитектура во значајни градски јадра, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид ја заврши обновата на фасадата на објект лоциран во старото градско јадро на Струга.

Целосно е обновена надворешноста и покривната конструкција на објектот на ул.Гоце Делчев бр.84 или познат како куќата на Роза Несторова Ристова. Станува збор за објект од 19 век со типична староградска архитектура кој со овие конзерваторски активности ја сочува својата впечатлива надворешност. Куќата која физички е поделена на двајца сопственици, со својот надворешниот изглед упатува на еден објект со заедничка фасада и кровна конструкција. При изградбата на објектот максимално е искористен просторот предвиден за градење, во состав на уличниот низ на градби  што е типично за тогашното градителство. Исто така, надлежната установа, во Струга работи на активностите за конзервација и реставрација на фасадата на објект лоциран на улица „Браќа Миладиновци“ број 32 или познат како Куќата на Љуба Блажеска и други.

Со проектот за конзервација на фасади на повеќе објекти од староградска и градска архитектура низ градовите во Република Македонија, тие се заштитуваат од нивно понатамошно пропаѓање и целосно губење на нивната автентичност, а исто така се подобруваат и визурите на карактеристични делови од старото градско јадро, како и амбиентот и ликот на амбиенталните целини на цели улички во старите градски јадра, соопшти Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Почина архитектот Јован Стефановски Жан, автор на Милениумскиот крст и МНТ

A1on

Одобрена изградбата на Триаголната кула во Париз

A1on

Промоција на монографија за архитектурата на Скопје

A1on

Македонија на Венециското биенале на архитектура

A1on

Работилница за деца за модернистичката архитектура

A1on

Промоција на книгата „На Скопје, со љубов! – Архитектонската мисла на Живко Поповски“

A1on