Денеска попладне пороен дожд

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне променливо и нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 22 до 28 степени.

Во Скопје слично време, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо и нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

До вторник во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Само во сабота ќе има преодно стабилизирање со сончево време преку целиот ден. За време на викендот ќе биде потопло, а во почетокот на наредната недела повторно ќе има благ пад на температурата.

Би можело да ве интересира

Облачно со повремен дожд и со слаб до умерен претежно северен ветер

Ана Ололовска

Променливо време до крајот на неделава

Ана Ололовска

Сончево со мала облачност и повремен дожд

Ана Ололовска

Променливо и посвежо време следната недела

Претежно облачно и нестабилно време со локални врнежи од дожд и грмежи

Ана Ололовска

Локален пороен дожд и грмежи попладне, од утре намалување на температурите

Ана Ололовска