(ВИДЕО) Герет: Многу обврски останаа незавршени, но ако сите ја вршат својата работа може да има избори

Британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Герет смета дека уште многу обврски останаа незавршени за државата да има избори, но доколку сите ја вршат својата работа како што треба, за 60 дена ќе може да има веродостојни избори.

– На крај се се сведува на неколку зборови кои се битни за договорот од Пржино, искрените намери кои ги имаат за имплементација на договорот, рече Герет.

Тој вели дека Британија може да има успешна поддршка за Македонија во врска со реформите за балансирано и цеосно покривање во медиумите.

– Целосното балансираното и непристрасното покривање на изборите е нешто што е многу битно и за да има веродостојни фер и праведни избори, МРТ укажа дека се посветени да ги применат овие насоки и со нетрпение очекуваме да видиме како ќе се спроведат во пракса, односно за време на изборите. Многу е битно за МРТ да ги применува овие насоки затоа што таа е јавен сервис која ја плаќаат граѓаните. Но освен нејзината работа како јавен сервирс, битно е останатите радиодифузери да ги применуваат овие насоки бидејќи принципите за балансираното и непристрасното информирање се за сите, бидејќи сите тие имаат многу битна улога за време на избори, рече Герет.

Тој истакна дека целосното балансираното и непристрасното покривање на изборите е нешто што е многу битно и за да има веродостојни фер и праведни избори, а според него, со насоките кои ги донесе МРТ, јавниот сервис укажал дека се посветени да ги применат овие насоки и со нетрпение очекуваме да видиме како ќе се спроведат во пракса, односно за време на изборите.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Имамоглу со убедлива победа на изборите за градоначалник на Истанбул

A1on

Кандидатот на Ердоган го призна поразот на локалните избори во Истанбул

A1on

Анкета: Нова демократија со водство пред Сириза

A1on

Медиумската изборна кампања чинела 3,76 милиони евра, ДИК се откажа од надоместоците

A1on

За партијата на Макрон резултатите на евроизборите не се „ниту победа, ниту пораз, ниту добар резултат“

A1on

Почнаа најавите за можни коалиции по Евроизборите

A1on

Leave a Comment

sixteen − 12 =