СДСМ: 50 луѓе без работа од уште една виртуелна инвестиција на Груевски!

„Расте бројот на граѓани кои остануваат без работа поради виртуелните инвестиции и работни места на Никола Груевски.

Нови 50 граѓани се на улица!

Турската инвестиција УЛАК Амбалаж, помпезно најавена од Груевски во Берово како почетна инвестиција од 1.5 милиони евра, е пред затворање.

Груевски и „дил ориентед“ партнерот Пешевски се први до црвените ленти, но ги нема пред затворените порти.

Од 20 ноември годинава УЛАК Амбалаж е во судска процедура на стечај!

Ден претходно стечај прогласи и виртуелната инвестиција на Груевски, Индо минерали и метали. На улица останаа 1 000 рудари од рудниците Тораница и Добрево.

Виртуелни останаа и 450 работни места во Свети Николе, каде Груевски фрли лопата и најави холандска инвестиција за прозиводство на печурки.

Груевски излажа и за италијанската Орланди, турски Шишеџам, Хајер и Тривју, индиската Мадерсон, француската Монтипе, израелската Газит Глоуб, Еуро Италија, Искра Словенија, Биротекник Отомотив, Грудхостод Данска…

Груевски излажа и за 307 милиони евра инвестиции коишто наводно требаше да влезат во Македонија.

Од виртуелните политики на Груевски, Македонија е последна во регионот и Европа по директни странски инвестции“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е директен виновник за уништувањето на културното и природното богатство на Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Заев со неговиот расипнички карактер го урна достоинството на државата

Ана Ололовска

СДСМ: Цената на струјата остана иста, со евтина тарифа граѓаните заштедуваат до 11 милиони евра

Ана Ололовска

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ фатени во нова лага, нема тендер за набавка на мамографи

СДСМ: Фрустрираниот Мицкоски е заглавен во груевистичката матрица на изолации

СДСМ: Времето на непотизам и партиски вработувања заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција

Leave a Comment

2 × two =