Сирискиот огранок на Ал Каеда нуди три милиони евра за главата на Асад

Лидерот на сирискиот огранок на Ал Каеда, Абу Мохамед ал Голани понуди три милиони евра за главата на сирискиот претседател Башар ал Асад и два милиони за главата на лидерот на либанското шиитско милитантно движење Хезболах.

Ал Голани во објавена аудио снимка вели дека ќе му плати „три милиони евра на оној, кој ќе го убие Башар Асад и ќе го избрише од историјата“.

– Уште колку време ќе се лее муслиманска крв поради човек, кој е вљубен во власта? Колку време треба да чекаат муслиманите за да си ги вратат правата?, праша лидерот на групацијата Џебхат ал Нусра (Фронт на победата).

Ал Голани исто така вети два милиони евра за секој, кој ќе го убие лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.

Би можело да ве интересира

Најмалку 11 загинати во експлозија на автомобил-бомба во Сирија

Најмалку 11 загинати во експлозија во сирискиот град Африн

Ана Ололовска

Ирак започна операција за обезбедување на пустината на границата со Сирија

САД бараат Германија да испрати копнени сили за борба против ИД во Сирија

Гибралтар задржа танкер со иранска нафта за Сирија

Татјана Ташкова

Сирија ги оквалификува израелските напади како „државен тероризам”

Ана Ололовска

Leave a Comment

two × 5 =