519 нови случаи и 306 оздравени пациенти во Скопје, во Аеродром близу илјада заразени

Од:

Бројот на активни случаи на пациенти заразени со коронавирус во Скопје се ближи со 6.000 и денеска изнесува 5.886, што е најмногу од почетокот на пандемијата.

Во главниот град во изминатите 24 часа се забележани 519 новозаразени со вирусот, додека 306 пациенти оздравеле. Еден пациент, на возраст од 86 години, починал како последица на Ковид-19.

Во Аеродром, скопската општина со најмногу жители, има и најмногу активно заразени луѓе, а бројката во моментов изнесува 950. Во уште три скопски општини (Гази Баба, Центар и Карпош) има над или близу 800 активни случаи.

Еве колку активно заразени лица има во секоја општина во Скопје и околината, според податоците на здравствените власти:

• Чаир – 338
• Гази Баба – 781
• Аеродром -950
• Карпош – 834
• Центар – 791
• Кисела Вода – 716
• Ѓорче Петров – 483
• Бутел – 319
• Шуто Оризари – 78
• Студеничани – 29
• Сарај – 57
• Арачиново -13
• Илинден – 135
• Сопиште – 49
• Чучер Сандево – 38
• Петровец –54
• Зелениково -26
• Странец – 72
• Нераспределен- 117

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска