Расмусен: НАТО ќе помага Авганистан да може да стои цврсто на свои нозе

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен изјави  дека Алијансата ќе продолжи да им помага на авганистанските сили целосно да ја преземат одговорноста во земјата по 2014 година, кога е предвидено да завршат воените операции на коалициските сили.

Во изјавата на  Расмусен, кој е во посета во Кабул на разговори со претседателот Хамид Карзаи, и со командатот на коалициските сили Џон Алан, се вели дека целта на НАТО е „Авганистан да може да стои цврсто на свои нозе“, но се истакнува дека тој „нема да биде оставен сам“.

НАТО се согласи по 2014 година во земјата да остане негова мала мисија, која што ќе им помага на авганистанските сили со обука, совети и материјална поддршка.

Алијансата оваа година почна да ги повлекува војските од Авганистан. Сега таму има 104.000 војници на НАТО, од кои 68.000 се Американци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Руски Су-24 прелета над носач на авиони на НАТО

A1on

ОН: Неопходно е почнување преговори меѓу талибанците и владата во Кабул

A1on

Канада го ратификуваше Протоколот за членство на земјава во НАТО

A1on

Хербст: Северна Македонија годинава треба да стане членка на НАТО и да ги почне преговорите со ЕУ

A1on

„Сè уште е потребен“: НАТО одбележа 20 години во Косово

A1on

Естонија го ратификува Протоколот за НАТО

A1on

Leave a Comment

3 × 2 =