Али Зејдан, нов премиер на Либија

Од:

Националниот конгрес на Либија го избра вчера за нов премиер на земјата Али Зејдан, поранешен пратеник, адвокат, активист за заштита на човековите права и противник на режимот на Моамер Гадафи.

Зејдан го победи главниот политички ривал, актуелниот министер за локална самоуправа Мохамед Хади Хашеми Харари.

Пред една недела поранешниот премиер Мустафа Абу Шагур беше отстранет од функцијата по неуспешните обиди да состави нова влада.

Али Зејдан е дипломат со кариера, беше претставник на Преодниот национален совет во Европската унија и е член на Либиската лига за човекови права, поради што повеќе од 30 години живееше во егзил.

Тој се смета за еден од најголемите противници на режимот на Гадафи. Во 1981 година Али Зејдан стана член на Националниот фронт за спас на Либија, која беше формирана од либиската опозиција во емиграција и која денеска е позната како Национален фронт. Неколку години претходно како соработник на Амбасадата на Либија во Њу Делхи Зејдан ги прекина врските со режимот на Моамер Гадафи.

За две недели Зејдан треба да го претстави во Парламентот списокот со членови на владата на национално единство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски