Шарли Ебдо: опасност од поларизарана дебата

Обидите да се објаснат нападите во Париз се ограничени. Вистината е покомплексна и тешка да се прифати.

Во време на кризи, оние кои би сакале да имаме само една идеја во главите во секое време се брзи тоа и да го побараат преку мегафони. Со ставање на настаните во рамки во маникијска смисла – темно наспроти светло; добро наспроти зло – наметната морална бинарност е обид да не втераат во сурови кампови. Нема дилеми, има само декларации. Кога им недостига комплексност, тие ја измислуваат во полемичките јасност и со обезбедувањето на јасен непријател.

Црнец убива двајца полицајци во нивниот автомобил во Њујорк и одеднаш оние кои протестираа против полицијата кога убива невооружени црни луѓе низ земјата и поминуваат неказнето, имаат крв на рацете. Сони повлекува филм за измислен атентат на вистински странски лидер по заканите со насилна освета, и одеднаш сите оние кои застанаа против мудроста да се направи таков филм го канализираат својот внатрешен Невил Чембрлен. Сомнителни луѓе ги запираат и претресуваат во случаи да се различни и се затворани се додека кризата не заврши. Никогаш не се поднесуваат никакви обвинувања затоа што за судење е потребно распрашување и докази. Или сте со нас или сте против нас.

Страшните настани од Париз создадоа една таква криза. И од левицата и од десницата обидите да се објаснат убиствата во списанието Шарли Ебдо, во кошер супермаркетот и по улиците, неизбежно станаа ограничени. Повеќето бараат, преку само една линеарна теза, да објаснат што се случи и што треба да сториме во врска со тоа: се работи за исламот; тоа нема никаква врска со исламот; се работи за надворешната политика; ова нема никаква врска со надворешната политика; ова е војна; тоа е криминал; се работи за слободата на говор, интеграцијата, за расизам, за мултикултурализмот.

Има од се по нешто. Но сепак не доволно за секое од нив за да не доближи до проблемот. Изгледа дека премалку се вољни да прифаат дека чинот на убивање на цивили онаму каде тие живеат и работат, е сурово, дека корените на таквите дела се длабоки и комплексни, и дека мотивацијата, до извесен степен, е непозната и некохерентна. Колку похрабр изјави се даваат, толку повеќе изгледи има квалификациите, па дури контрадикторните аргументи барем да бидат оправдани.

Јасно е дека ова беше напад врз слободата на говорот. И покрај храбрите изјави од минатата недела, кој било карикатурист сега ќе размисли повеќе од двапати пред да нацрта каков било цртеж сличен на оние со кои Шарли Ебдо стана озлогласен. Овој принцип треба да биде недвосмислено бранет. Исто така треба да биде и чесно дефиниран.

Секоја држава, вклучувајќи ја и Франција, има ограничувања врз слободата на говорот. Во 2005, Ле Монд беше прогласен за виновен заради „расистички клевети“ против Израел и против еврејскиот народ. Во 2008, карикатурист во Шарли Ебдо беше избркан од работа откако одби да се извини затоа што изнел антисемитистички коментари во своја колумна. А две години пред данскиот весник Јуландс постен да ги објави карикатурите со Мухамед во 2006, одбија да објават не толку жестока карикатура со воскреснувањето на Христа од страв дека ќе „испровоцираат гнев“.

Далеку од тоа дека е „света“, како што некои тврдеа, слободата на говорот е секогаш предусловена. Сите општества исцртуваат линии кои се недоволно дефинирани, постојано пресвртувајќи и постојано дебатирајќи околу тоа кои се уставно прифатливи стандарди на јавниот дискурс кога станува збор за културната, расната и религиозната чувствителност. Прашање е дали овие линии исто ги земаат во предвид и муслиманите.

Барањето муслиманите го имаат одговорот за овие убиства е одвратно. Муслиманите не можат повеќе да бидат сметани за одговорни за овие злосторства колку што можат Евреите за бомбардирањето на Газа. Муслиманите не се во монолитна заедница, ниту пак нивната религија ги дефинира нивните политики – всушност, тие се луѓе кои имаат најмногу шанси да бидат убиени од исламистичките екстремисти. Париските убијци убија полицаец муслиман; следниот ден муслиман помошник во кошер маркетот сокри во фрижидер 15 луѓе, додека убиецот на горниот кат држеше заложници. Никој не ги избра овие убијци, тие никого не претставуваат.
Што значи дека е едноставно неодржлива тезата дека овие напаѓачи немаат никаква врска со исламот, исто како да се каже дека Кј клукс клан немаат никаква врска со христијанството, или дека БЏП во Индија нема никаква врска со хиндуизмот. Во рамките на ранговите во таа религија е што овој посебен вид на насилство најде инспирација и оправдување. Тоа не ги прави оправдувањата валидни или пак инспирацијата помалку перверзна. Но ниту пак ги прави помалку релевантни.

Оние кои тврдат дека исламот е „суштински“ насилен повеќе мразат, но не се помалку бесмислени отколку оние кои тврдат дека исламот е „суштински“ мирољубив. Инситирањето на тоа дека овие чинови на омраза се базирани на стари текстови, има толку смисла како и да се инсистира на тоа дека истите го поддржуваат. Исламот, како и секоја друга религија, не е никако „суштинска“ освен онака како ја прават луѓето. Мало, но значајно малцинство, одлучи да го направат насилен.
Нема потреба ова да се негира. Со оглед на случувањата во светот во измината деценија и повеќе, најочигледното објаснување е исто и најверодостојно: судбината на муслиманите во конфликтите во странство играа голема улога во радикализацијата на овие млади луѓе. Парижаните од работничка класа не одат во Јемен за да имаат воена обука заради каприц. Уште од тинејџерски години, овие млади луѓе се растени со вечерни оброци со илегални војни, тортури и цивилни масакри во Заливот и на Блискиот исток, во кои жртвите вообичаено беа муслимани.

Во изјавата дадена на суд во 2007, Шериф Куаши, помладиот од браќата кои беа поврзани со Ал Каеда и кои ги убија новинарите во Шарли Ебдо, беше експлицитен во врска со ова: „Добив инспирација кога на телевизија ја видов неправдата која се случува таму. Зборувам за тортурата која американците ја вршат врз ирачаните“.

Во видео кое се појави по неговата смрт, Амеди Кулибали тврди дека се приклучил на Исламска држава за да ги освети нападите врз муслиманите. Од овие поплаки кои се реални исто како и обидите да се поистоветат со акциите на напаѓачот, ќе ве заболи главата. Франција се спротивстави на војната во Ирак; Исис и Ал Каеда беа смртни непријатели и двете масакрираа огромен број муслимани. Не само што моралот банкротираше, туку и логиката забега.

Но исламистите не се осамени во своите контрадикторности. Деновиве беше годишнината од отворањето на Гвантанамо беј. Со оглед на неодамнешното објавување на извештајот за тортурата која ја вршеле САД, или за улогата на Франција во отпорот за демократски промени за време на арапската пролет, многумина од оние кои тврдат дека е ова битка помеѓу слободата и варварството се наоѓаат и во двата кампа.

Токму затоа да се опишат овие напади како криминални е и аксиоматско и неадекватно. Тие не вршат грабеж на банка или се осветуваат за војна за територии. Антитерористичката полиција го опиша нападот врз списанието како „смирен и испланиран“. Тие влегле, ги повикале луѓето по име, и ги егзекутирале. Кулибали убил полицајка и пукал врз некој кој џогирал пред да влезе во кошер супермаркет и да убие четворица Евреи. Во повеќето случаи ова не биле случајни цели. Ниту пак биле чинови на лудило. Тие биле пресметани дела на политичко насилство водено од некохерентна приврзеност на изопачени и опасни млади луѓе.

Тие се лично одговорни за тоа што го сториле. Но ние, како општество, сме колективно одговорни за условите кои нив ги создале. И ако сакаме да излезат различни и помалку да гаат омраза, а да бидат со поголема надеж – ќе мора да одржуваме повеќе од една идеја во нашите глави во исто време.

Гардијан – Лондон

Би можело да ве интересира

Џихадистот Петер Шериф почнува со отслужување на петгодишна казна затвор

Ана Ололовска

Во Џибути уапсен џихадист поврзан со нападот врз „Шарли ебдо“

Ана Ололовска

Контроверзна карикатура на „Шарли Ебдо“ за сексуалните напади во Келн

Ана Ололовска

Една година по нападите против Шарли Ебдо и Хипер Кашер

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Една година од нападот врз „Шарли ебдо“

Емир Латифовиќ

Ватикан: Насловната на Charlie Hebdo е за жалење

Емир Латифовиќ

Leave a Comment

eighteen + twelve =