Трафики во Белгија под закана поради продажба на новиот број на „Шарли ебдо“

Четири трафики за весници во бриселскиот кварт Жет, како и неколку во Лиеж, добиле заканувачки писма, во кои биле предупредени да ја прекинат продажбата на новото издание на францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“.

Писмата се наоѓале во коверти и биле оставени во поштенски сандачиња или под вратите на трафиките.

– Во името на Алах, милосрдниот и милостивиот, ви порачуваме да не ги распространувате карикатурите на нашиот пророк Мухамед кои се објавени во овој весник, поради закана од одмазда врз вашата трафика, пишува во писмата.

Обвинителството во Брисел соопшти дека овие писма ги разгледува со целосна сериозност и ќе ги употреби сите потребни средства, меѓу кои и снимки од камери и телефони, со цел да ги пронајде испраќачите, кои доколку се откријат ќе бидат исправени пред суд.

Би можело да ве интересира

Џихадистот Петер Шериф почнува со отслужување на петгодишна казна затвор

Ана Ололовска

Во Џибути уапсен џихадист поврзан со нападот врз „Шарли ебдо“

Ана Ололовска

Контроверзна карикатура на „Шарли Ебдо“ за сексуалните напади во Келн

Ана Ололовска

Една година по нападите против Шарли Ебдо и Хипер Кашер

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Една година од нападот врз „Шарли ебдо“

Емир Латифовиќ

Ватикан: Насловната на Charlie Hebdo е за жалење

Емир Латифовиќ

Leave a Comment

16 − twelve =