Јотовски се проби на 700-то место на АТП листата

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски се проби на 700.место на АТП листата што е негов најдобар ранг во кариерата откако му беше забележан пласманот од четвртфиналето од претходната недела.

Јотовски во моментов има 36 поени, а скок ќе направи и следната недела кога ќе му бидат запишани поените од вчерашното финале во Ваљево. Јотовски има скок од девет позиции. Најдобар ранг на денешната АТП листа бележи и Стефан Мицов, кој со 6 поени се наоѓа на 1.214 место. Мицов напредуваше 59 позиции.

И покрај падот од пет позиции Димитар Грабул и натаму е најдоброрангиран Македонец со 57 поени се наоѓа на 563.место. Пласман на АТП листата имаат уште Шендрит Деари – 1.299 место и Бесир Дургути – 1.524. Во конкуренција на двојки: Јотовски е на 745.место, а Деари 1.273.место.

На врвот на АТП листата нема промении редоследот е: Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Рожер Федерер, Стан Вавринка и Томаш Бердих.

 

Leave a Comment

6 + nineteen =