ВИДЕО: Ѓорге Иванов избран за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија

Делегатите на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ со 1.099 гласови го избраа за кандидат на партијата за претседателските избори Ѓорге Иванов.

Јове Кекеновски доби 124 гласа, Ставре Џиков 10, а Божидар Ночев еден глас. Од 1.238 гласа, две ливчиња се неважечки.

Овој исход беше очекуван, откако видни функционери на партијата пред конвенцијата го поддржаа Иванов да трча уште една претседателска трка.

„Дозволете да ви искажам огромна благодарност за оваа огромна поддршка, поддршка која е голема одговорност. Благодарам за тоа што по втор пат ми ја давате поддршката за да ја преставувам државата. Дозволете да искажам должна почит кон против кандидатите кои покажаа дека партијата ВМРО-ДПМНЕ во секој момент не има еден туку четири кандидати“, рече Ѓорге Иванов.

Leave a Comment

5 × one =