163 нови случаи на Ковид-19, нема починати пациенти

Од:

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1636 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-52, Куманово-21, Дебар-2, Штип-33, Тетово-4, Струга-7, Велес-2, Битола-5, Охрид-1, Кавадарци-4, Гостивар-17, Струмица-2, Кочани-2, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Свети Николе-3, Кичево-1, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравени пациенти од: Скопје-41, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-1, Велес-3, Кавадарци-2, Гостивар-6, Пробиштип-1.

Нема починати пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9412, бројката на оздравени пациенти е 4940, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4040.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 4350, активни 1892
• Куманово 933, активни 247
• Дебар 175, активни 112
• Штип 640, активни 324
• Прилеп 311, активни 54
• Тетово 955, активни 302
• Струга 377, активни 195
• Велес 208, активни 29
• Битола 94, активни 49
• Охрид 245, активни 130
• Кавадарци 33, активни 19
• Гостивар 315, активни 207
• Гевгелија 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)
• Струмица 33, активни 24
• Крива Паланка 22, активни 8
• Радовиш 23, активни 19
• Крушево 14, активни 9
• Кочани 91, активни 23
• Пробиштип 45, активни 28
• Демир Хисар 18, активни 16
• Македонски Брод 10, активни 6
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 5, активни 2
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 12, активни 7
• Свети Николе 203, активни 188
• Кичево 101, активни 82
• Ресен 141, активни 57
• Неготино 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1636 теста се преку: ИЈЗ-729, ЦЈЗ Скопје-10, Авицена-128, Биотек-163, МАНУ -176, Жан Митрев (Филип Втори)-215, Систина со PCR метода -158, Судска медицина -10, ЦЈЗ Битола-25, Инфективна клиника-4, ГАК-18. Досега во земјата се направени вкупно 88179 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациент. На кислородна поддршка се 34 пациенти, нема пациенти на респираторна машина, информираат од Министерството за здравство.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 позитивни деца, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 92 пациент. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 132 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19, велат од МЗ.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска