Вардар – Силекс во вечерен термин

Со натпреварите во Кичево и во Скопје денеска ќе започне 27. коло во Првата македонска фудбалска лига. Натпреварот Вардар – Силекс на арената „Филип Втори“ ќе се игра во вечерен термин (20 часот).

Вардар со евентуална победа над последно пласираниот Силекс ќе се врати на врвот на табелата, баерм до утре за кога се закажани останатите четири средби од овој круг. 27.та рунда попладнево од 16 часот во Кичево ќе ја отворат Напредок и Шкендија.

Двојките за утре се: Хоризонт Турново – Тетекс, Брегалница – Дрита, Металург – Ренова и Работнички – Пелистер. Почетокот на сите натпревари е во 16 часот. Табела: Хоризонт Турново 50 бодови, Вардар 49, Металург 48, Шкендија 39, Ренова 38, Напредок 37, Работнички 37, Брегалница 31, Пелистер 30, Дрита 27, Тетекс 21 и Силекс 19.

Би можело да ве интересира

Каран: Нема да играме на 0:0 против Пјуник

Татјана Ташкова

ФК „Каменица Саса“ повторно дел од Втората фудбалска лига

Ана Ололовска

ЛЕ: Шкупи одигра нерешено со Пјуник

Шкендија го претстави новиот дрес

Ана Ололовска

Јуан Фелипе ново засилување на Шкендија

Ана Ололовска

Младинците на ФК „Брегалница Делчево” го завршија фудбалскиот камп во Дојран

Ана Ололовска

Leave a Comment

3 + sixteen =