Хановер ги зголеми шансите за настап во евро-куповите

Со синоќешната победа од 3:2 на гостувањето кај последно пласираниот Гројтер Фурт, екипата на Хановер се искачи на 9.место на табелата во Бундес лигата и значително си ги зголеми шансите за настап во евро-куповите следната сезона.

Ова беше првиот дуел од 31. коло во Германското фудбалско првенство кое денеска продолжува со средбите: Баерн Минхен – Фрајбург, Баер Леверкузен – Вердер, Волфсбург – Борусија Менхенгладбах, Хофенхајм – Нирнберг, Аугсбург – Штутгарт и Фортуна – Борусија Дортмунд. Двојките за утре се: Мајнц – Ајнтрахт и Шалке – Хамбургер.

Нов шампион е Баерн Минхен, Борусија Дортмунд е веќе со обезбедено место во Лигата на шампионите, а една победа од сигурна трета позиција го дели Баер Леверкузен за учество во елитното натпреварување.

Во пресрет на ова коло дури пет екипи се со подеднакви шанси за освојување на четвртото место кое обезбедува пласман во квалификациите за Лигата на шампионите. Табела: Баерн Минхен 81 бод, Борусија Дортмунд 61, Баер Леверкузен 53, Шалке 46, Фрајбург 45, Ајнтрахт 45, Борусија Менхенгладбах 44, Хамбургер 44, Хановер 41,…

Би можело да ве интересира

Левандовски го навести трансферот на Сане во Баерн

A1on

Дортмунд и официјално си го врати Хумелс

A1on

Родригез ќе ја продолжи кариерата во Наполи

A1on

Борусија го продолжи договорот со Фавр

A1on

Хумелс го напушта Баерн

A1on

Диаби е ново засилување на Баер

A1on

Leave a Comment

14 − thirteen =