Мерцедес Икс класа на пазарот во 2018 година

Мерцедес планира во сегментскиот простор меѓу „Смарт“ и актуелната „А класа“ да понуди нов модел, кој треба да биде развиен во соработка со алијансата Рено-Нисан што ќе ја носи ознаката Икс (Х), а на пазарот ќе се најде до 2018 година.

Магазинот „АутоБилд“ наведува дека „Мерцедес Икс“ платформата ќе ја дели со следната генерација на моделот „Рено Клио“ и ќе биде со погон на предните тркала.

Иако, на прв поглед изгледа дека овој потег ќе биде одбивен за љубителите на Мерцедес, новата класа јасно ќе се разликува од францускиот модел, како според единствениот дизјан, така и со квалитетниот ентериер и висока опрема.

Погонските агрегати се 1.0 литарскиот трицилиндерски и 1,5 литарскиот четирицилиндерски мотор. Врз основа на досегашната соработка меѓу Мерцедес и Рено во однос на погонските системи, се очекува овие мотори да ги обезбеди францускиот производител.

Мерцедес, секако дека не сака новата класа да има епитет на евтин автомобил, но цената се очекува да биде под 20.000 евра.

Новата Икс класа на пазарот ќе ги напаѓа Ауди А1, а освен хеџбек во план е и кросовер модел.

Независниот уметник Тхеопилус Чин објави илустрирана форма на можниот изглед на новата класа на Мерцедес.

Би можело да ве интересира

Раст на продажбата на Ламборџини за 96 отсто

Ана Ололовска

ВИДЕО: Стар „бетмобил“ откриен во Украина

Ана Ололовска

Почина таткото на Форд мустангот, Ли Јакока

Ана Ололовска

Фолксваген и Фиат Крајслер се соочуваат со казни поради штетни гасови

Ана Ололовска

Гладни за секоја кривина: Претставени новиот Porsche 718 Spyder и 718 GT4

Ана Ололовска

Новиот T-Cross доби пет ѕвезди во Euro NCAP тестовите

Ана Ололовска

Leave a Comment

18 + fourteen =