ВИДЕО: Отворен фестивалот Охридско лето со моќен настап на Венеса Меj

Со сензационален настап на светски познатата виолинистка Венеса Меј, се отвори 59. издание на фестивалот Охридско лето. Во придружба на нејзините музичари кои ја следат на нејзините настапи и музичари на Македонската филхармонија и Македонската опера и балет, пред половина час почна концертот во Античкиот театар. Фестивалот за отворен го прогласи претседателот Стево Пендаровски, а се обрати и министерот за култира Хусни Исмаили.

Режисерот Александар Поповски се обрати со моќна метафора меѓу насловот на драмата на Горан Стефановски, Диво месо и дивоградбите што го ништат Охрид. Тој во чест на неодамна починатиот драмски писател Стефановски прочита неколку цитати од неговите драми. “Секој пат кога ќе споменам диво месо, читајте дивоградби. Дивото месо е израсток што единствено може да се острани со корнење и местото да се изгори.”,рече Поповски, алудирајќи на актуелниот проблем со губење на статусот на заштита од УНЕСКО на Охрид.

Античкиот театар во Охрид е исполнет до последното место.

Би можело да ве интересира

„Хадерсфилд“ – драма за изгубената млада генерација

Ана Ололовска

Полското камерно трио „Пендерецки“ на „Охридско лето“

Ана Ололовска

Националната Опера и Балет приреди незаборавна вечер на „Охридско лето“

Ана Ололовска

Загрепскиот младински театар со „Хaдерсфилд“ гостува на „Охридско лето“

Ана Ололовска

Маестрален настап на симфонискиот оркестар на Бријанск од Русија

Ана Ололовска

„Либертанго“ дел од „Охридско лето“

Ана Ололовска