Ромеро ја засилува одбраната на Јувентус

Аргентинскиот дефанзивец Кристијан Ромеро е најновото засилување на екипата од Торино.

Досегашниот бек на Џенова, веќе го потпишал договорот со Старата дама, кој треба да трае пет години, но под услов следната сезона да ја помине на позајмица во својот сегашен тим.

Аргентинскиот 21 годишен фудбалер важи за многу талентиран фудбалер, кој минатата сезона одигра одлично во редовите на Џенова со што го привлече вниманието на италијанските шампиони.

По пократки преговори, трансферот конечно беше реализиран во задоволство на сите три страни, така што Ромеро ќе му се придружи на својот иден клуб во Торино на почетокот на сезоната 2020/2021.

Би можело да ве интересира

Рајола: Јуве е најдобро место за Де Лихт, ме потсетува на Недвед и Ибра

ВИДЕО: Тифозите со топло добредојде за Де Лихт пред прегледите во базата на Јуве

Ана Ололовска

ВИДЕО: Де Лихт пристигна во Торино на прегледи

Ана Ололовска

Интер со нова понуда за Лукаку

Рома постигна договор со Аталанта за Џанлука Манчини

Лацио одби 80 милиони евра од Јунајтед за СМС

Ана Ололовска