Ал Шабаб нападна хотел во Сомалија, загинаа најмалку 12 лица

Исламистичката група Ал Шабаб денеска изврши напад со автомобил бомба во сомалискиот град Кисмај, соопшти сомалиската полиција, наведувајќи дека е можно да има голем број загинати лица.

Нападот е изведен во еден хотел за време на состанок на сомалиските регионални претставници, кои дискутираа за претстојните локални избори.

По активирањето на автомобилот бомба уследила престрелка, која според сомалиската полиција траела час и половина.

Ал Шабаб соопшти дека негови припадници по бомбашкиот напад успеале да го заземат хотелот. Портпаролот на терористичката група изјави дека во хотелот загинаа најмалку 12 лица.

Би можело да ве интересира

Во нападот на Ал Шабаб загинаа 26 лица, меѓу кои и странски државјани

Ана Ололовска

Расте бројот на загинати во нападот врз центарот за мигранти во Триполи

Татјана Ташкова

Гутереш огорчен поради нападот во Либија, повика на итна истрага

Со боксови нападнат ЛГБТИ активист во Сарај: Ќе те убиеме, а другарките ќе ги силуваме

Кристијан Ландов

Двајца ранети при напад пред џамија во Франција

Најмалку 11 загинати во два бомбашки напади во Сомалија

Ана Ололовска