Џонсон ветува дека ќе ги брани британските дипломати низ светот и ќе има поцврст став кон Трамп

Доколку стане премиер на Обединетото кралство Борис Џонсон ветува дека ќе ги штити британските дипломати низ светот и дека ќе има цврст однос кон американскиот претседател Доналд Трамп, пренесоа британските медиуми.

Џонсон, кој важи за фаворит за наследник на Тереза Меј на лидерската позиција на британската Конзервативна партија и на премиерската функција, деновиве е особено критикуван дека не го поддржал британскиот амбасадор во Вашингтон, Ким Дарок, пред дипломатот самиот пред два дена да ја поднесе својата оставка.

Дипломатската кореспонденција на Дарок, во која амбасадорот ја опишува администрацијата на Трамп како „неспособна“, протече во британски весник, што го разгневи американскиот претседател.
Во телевизиската дебата со својот партиски противкандидат Џереми Хант, Џонсон не сакаше да застане зад Дарок поради што неговите колеги пратеници од Конзервативната партија го обвинија дека го фрлил амбасадорот „под тркалата на автобусот“, за да не ги наруши своите односи со Трамп.

-Ќе се залагам за нашите фантастични дипломати низ светот, рече вчера Џонсон за време на митинг.

Тој, исто така, кажа дека и претходно го критикувал Трамп и истото ќе го прави и во иднина.

-Во Обединетото кралство не сме согласни со позицијата на САД за глобалното затоплување. . ., нити со нивниот пристап за иранскиот нуклеарен договор. Бевме цврсти и ќе продолжиме да сме цврсти во односите со САД, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон размислува да го истурка Брегзит без британскиот Парламент

Данкан: Асанж нема да биде екстрадиран во земја каде му се заканува смртна казна

Ана Ололовска

Меј: Изразувањето на Трамп за конгресменките е неприфатливо

Татјана Ташкова

Страв од можен „нов Чернобил“ во фабрика за нуклеарен отпад во Британија

Протести во пет британски градови поради опасноста од климатска катаклизма

Хант: Не се согласуваме со САД околу иранската криза, иако сме најблиски соработници

Ана Ололовска