Пожар во затворот Идризово

Пожар избувна попладнево во казнено поправниот дом „Идризово“ во затворското крило каде се чуваат ќебиња и душеци.

„Забележан беше чад, по што реагираше затворската полиција која најпрво ги извади затворениците кои во моментот беа во просторијата, а потоа го изгаснаа пожарот.“, вели Боби Мојсоски, директор на КПД Идризово.

Повикана била и противпожарна бригада, но, иако тие пристигнале брзо пожарот веќе бил изгаснат.

Дополнително полицијата ќе утврдува која е причината за пожарот.

Би можело да ве интересира

Се запали камион со 17 тони какао на автопат во Германија

Се запали автобус среде Рим

Татјана Ташкова

Голем пожар на Сицилија, уништена плажа

Шумски пожари во централна Грција

ВИДЕО: Од синоќа гори депонијата кај Буково

ВИДЕО: Вонредна состојба во три области во Грција, стотици пожарникари на терен