Заев: Тие ме бараа мене, а јас него, мислејќи дека е Порошенко

Премиерот Зоран Заев обелодени дека освен што тие му се јавувале, и тој ги контактирал лажните Столтенберг и Порошенко, односно руските комичари. Одговорност нема да бара од никого, повтори Заев, додавајќи дека ќе продолжи со директни комуникации без владиниот протокол. Премиерот разменувал и фотографии од настани кои се случувале во Украина и Македонија. Тој вели дека добивал слики од Парадата на војската, а праќал од посетата на Ангела Меркел во Македонија.

„Во таа комуникација што сме ја имале, да, можно е како што тие што ме барале мене и јас да сум го барал, мислејќи дека е претседателот Порошенко. Завчера, кога се објавија снимките, сфатив дека тие не се вистинските Столтенберг и Порошенко“, вели Заев.

За барањето на опозициската тој да даде оставка, Заев рече дека останува на ставот што го кажал вчера, односно дека нема намера да ја напушти Владата.

„Јас продолжувам со директни комуникации со премиери и претседатели. Комуницирам и мислам дека тоа е помош за мојата земја. Градиме пријателство, а комуникациите носат информации. Нема протокол кој мене може да ме ограничи ако јас сакам да ви се јавам, на премиери или кого било. Ова е само аларм за да се подигнат протоколите кога се комуницира преку фиксната телефонија на Владата.

Претходно, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, рече дека службите не можеле да реагираат за да се спречи разговорот на премиерот Зоран Заев со лажните Столтенберг и Порошенко. Таа вели дека државата мора да се навикне на тоа дека ќе биде цел на хибридни, кибер, но и друг тип закани.

Оставка од Заев поради разговорите со руските пранкери Вован и Лексус кои лажно се претставуваа, побара и опозицискиот лидер, Христијан Мицковски.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Заев: Ако избрзаме со ветингот ќе останеме без судии и обвинители

Галена Николовска-Ризвановиќ

(ВИДЕО) Заев: Груевски нарачува триесетка со кромид, разговорите за Нешкоски потврдија како се владеело

Галена Николовска-Ризвановиќ

(ВИДЕО) Заев: Може да разговараме за избори во октомври 2020

Галена Николовска-Ризвановиќ

Вучиќ по извинувањето од Заев: Поздрав друже…јас не сум ниту американски, ниту руски човек

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Заев се среќавал со човек против кој се водел процес дека добил 400.000 евра за пропаганда со лажни вести?

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Стоилковски: Јавното обвинителство да отвори истрага за комуникацијата на Заев со лажниот Порошенко

Ана Ололовска