Излагања на учесници на Филозофскиот филмски фестивал во 21. „Филозофска трибина“

Од:

Филозофското друштво на Македонија вечер од 20 часот во ГЕМ Клуб ќе го промовира 21-от број на списанието „Филозофска трибина“ во кое централно место има тематот „Филозофија и филм“.

Содржи излагања на дел од гостите на годинашниот Филозофски филмски фестивал кои, како што наведува организаторот на промоцијата, направија пионерски обиди за воведување на филм-филозофијата во Македонија.

– Тематот содржи и неколку текстови од други професори и помлади колеги кои истражуваат во оваа област. Покрај тематот, во списанието има неколку текстови од работилницата за Аристотеловиот поим hyle одржана на Филозофскиот факултет, авторски текст за стрипот, победничкиот есеј од Конкурсот за средношколски филмософски есеј на ФФФ 2016 и неколку прилози во рубриката „Филозофски живот“, соопшти организаторот.

Промотор на изданието ќе биде проф. д-р Иван Џепароски, раководител на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето