„Културолошка иницијатива 5 до 12“ – прво алтернативно културно лето во Охрид

Охрид првпат ќе добие алтернативно културно лето. Идејата на организаторите, НАТГ „Аматер“ и Супер радио, е да се подигне културата во летниот период, кога градот е најпосетен. Свеченото отворање е вечерва со поетската вечер „Имам нешто да ти кажам“ и акустичен настап на бендовите „Кукузел“, „Броз“ и „High4“.

Како што информираат НАТГ „Аматер“ и Супер радио, гостите од земјава и од странство, но и охриѓани ќе имаат можност да уживаат во квалитетна програма, но и да видат какви млади и креативни луѓе има во овој град.

– Целата идеја дојде од помислата да се подигне културната свест кај граѓаните и да има што повеќе интеракција со туристите кои престојуваат во јули и август во Охрид, затоа и овој проект го нарековме „Културолошка иницијатива 5 до 12“. Подготвена е разновидна и богата програма, во која се вклучуваат многу луѓе од урбаниот живот во Охрид, млади и креативни луѓе кои сликаат, фотографираат, танцуваат, глумат, играат, свират итн. Секоја недела имаме подготвено барем по еден настан, почнувајќи од денеска, кога е и свеченото отворање на манифестацијата, соопштуваат организаторите.

НАТГ „Аматер“ зад себе ги има претставите: „Сите мои синови“, „Генетика на кучињата“, „Буре барут“, „Ти во седум бои“, седум години со ред учествуваат на Поетската ноќ во Велестово и на други настани. Имаат учества на фестивали и награди на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани. Супер радио, пак, бележи 27 години успешна работа и е популарна локална радиостаница.

Би можело да ве интересира

Када заврши во Охридско езеро

Ана Ололовска

Продолжува петвековната традиција на пеливанството

Ана Ололовска

Милчин до Адеми: Како не ти е срам, пицеријата кај чинарот е скала?

Татјана Ташкова

Адеми: Верувам дека до февруари голем дел од дивоградбите во Охрид ќе бидат расчистени

Ана Ололовска

Граѓанските организации бараат Владата да ја препознае заканата од уништување на природното и културно наследство во Охрид

Дрецун: Во тек е тајна операција на странски служби против Србија во Скопје

Татјана Ташкова