Ослободена мајката на Пино Секондо: Ме уапсија зашто извикував „Македонија, Македонија“ пред возилата на НАТО

Маја Трпковска, мајката на убиениот Пино Секондо попладнево беше уапсена, а потоа ослободена од полицијата, бидејќи како што вели, на плоштадот во Скопје викала “Македонија, Македонија”, додека поминувале возила од НАТО.

“Ме качија во комбе и ме однесоа во полициската станица Беко. Не сакаа да ми ја признаат италијанската лична карта која ја приложив за да се идентификувам. Мислеа да ме задржат, но откако дојде група на луѓе за поддршка пред полициската станица, решија да не ослободат.

Констатираа дека нема кривично дело за кое може да не гонат или да сме сториле прекршување на законот”, вели Трпковска за “А1он”.

Трпковска беше уапсена заедно со уште две лица, додека се одржувала манифестацијата поврзана со вежбата „Одлучен удар“.

Случајот го потврдија и од МВР од каде рекоа дека три лица не почитувале наредба на полициски службеници односно ја попречувале полицијата во извршување на службени дејствија. Од таму по приведувањето информираа дека ќе бидат поднесени соодветни пријави против овие лица.

Би можело да ве интересира

Приведена мајката на Пино Секондо

Татјана Ташкова

Мајката на убиениот Пино бара санкции за инспекторите кои го водеа случајот

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Мајката на убиениот Пино: Како може некој да убие дете и 6 месеци да јаде, спие и да шета по кафулиња

Маја Илиевска-Пачемска

Мајката на Пино повикана на распит во Обвинителството

Васко Маглешов

Да го најдевме додека уште беше цел немаше да бидам олку лута, сега четири коски треба да носам во Италија, очајна е мајката на Пино

Маја Илиевска-Пачемска

Мајката на Пино Секондо: Да добијат најголема казна, убијците да скапат во затвор!

Ана Ололовска