ВИДЕО: Камчев и Трајковска се изгушкаа по сведочењето за „Тортура“

По завршување со своите искази пред судечкиот совет на денешното рочиште за случајот „Тортура“ кој се однесува на апсењето Љубе Бошкоски лидерот на Обединети за Македонија, новинарката Оливера Трајковска и бизнисменот Орце Камчев се изгушкаа пред Кривичниот суд.

Прва со сведочење заврши Трајковска, но таа наместо да ја напушти судницата, остана да го слушне и сведочењето на Орце Камчев по што заедно го напуштија судот.

Камчев и Трајковска денеска беа повикани да сведочат за апсењето на Бошкоски. Во еден од нелегално прислушуваните разговори кои ги изведуваше тогашната опозициска СДСМ, можеше да се слушне разговор помеѓу Камчев и Трајковска како разговараат за апсењето на лидерот на Обединети за Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ристоска: Истрагата за рекетираниот сведок треба да продолжи

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Стефанова: Катица потпишуваше сè – не се мои предлозите за пуштање од притвор и за пасошите

Васко Маглешов

ВИДЕО: Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Галена Николовска-Ризвановиќ

Јанакиески го прекинал штрајкот со глад, адвокатите очекуваат укинување на притворот

Виктор Јованов

Милошоски: Главниот нарачател во случајот „Рекет“ е дел од власта

Ана Ололовска

ДС: Парламентот да одржи вонредна седница за работата на СЈО

Ана Ололовска