УНЕСКО побара од Охрид до февруари да ги урне дивоградбите

УНЕСКО одлучи да му даде рок на Охрид до февруари идната година да ги спроведе препораките за заштита на природните богатства. Засега градот нема да се најде на листата на загрозени подрачја.

Делегацијата од Македонија која е во Баку го убедувала УНЕСКО дека дел од дивоградбите кои сеуште се градат се стопирани, иако во Охрид интензивно и без прекин се градат две од нив кои се наоѓаат во заштитеното подрачје. Истовремено, зружението “Фронт 21/42” нотира дека од ноември 2017 до април 2019 година се легализирале 250 дивограби.

Од УНЕСКО испорачаа низа барања од државата, а меѓу првите е да се прогласи мораториум на секакви урбани трансформации на брегот на Охридското Езеро, но и на каква било урбанистичка трансформација.

Општина Охрид од препораките спроведе само три, односно, експресно го изготви Регистaрот на нелегални градби, ги тргна палмите и дел од билбордите од центарот на градот, на самиот кеј. Клучната препорака од УНЕСКО беше да се прогласи мораторум за градење, но, градот не ја спроведе досега.