Потера во Кембриџ: Побегнал питон долг три метри

Мрежест питон долг 2,7 метри, кој би можел да изеде човек, му побегна на неговиот сопственик во Кембриџ во источна Англија и сега слободно се шета по Универзитетот.

Откако полицијата примила дојава дека змијата е видена вон своето живеалиште, покрената е потрага.

Мрежестите питони не се отровни и ретко напаѓаат луѓе, но една возрасна единка може својата вилица да ја отвори дотолку широко, за да може да проголта човек.

Овој вид питон расте и до 9,6 метри во должина, што го прави најдолгата змија на светот. По потекло, ова животно е од Југоисточна Азија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Огромна медуза снимена во британското приморје

Ана Ололовска

ВИДЕО: Рибар фатил школка, а од неа излегол октопод

Ана Ололовска

Најчести психопати меѓу колегите

Ана Ололовска

Екипата на „Лути птици 2“ против климатските промени

Ана Ололовска

Коњ колабираше на сред улица во Скопје

Ана Ололовска

Шестгодишно дете направи 4.445 склекови за два часа

Ана Ололовска