(ВИДЕО) „Спајдермен“ во акција: Спаси девојка во метежот од обожаватели

Том Холанд, најпознат по улогата на „Човекот-пајак“ (Спајдермен), се покажа како херој и во вистинскиот живот, оти спаси обожавателка од навалата луѓе кои речиси ја смачкаа обидувајќи се да дојдат до автограм пред телевизиско студио во Њујорк.

Девојката на Твитер објави и куса снимка, нагласувајќи дека група повозрасни мажи, туркајќи се, „буквално ѝ го приклештиле вратот кон преградата”.

– Сè е в ред, тука сум!, се слуша глумецот како ја смирува, потоа обраќајќи им се на другите обожаватли: Ќе ги фрлам вашите г**нарии на под ако не престанете да ја туркате.

Девојчето по име Кес добило и напад на паника, па Холанд морал да ја смирува.

Инаку, Том на минатогодишните „Оскари“ на сличен начин ја спаси и глумицата Џина Родригез, која за малку не падна на грб при излегувањето на сцената.

Би можело да ве интересира

Најчести психопати меѓу колегите

Ана Ололовска

Екипата на „Лути птици 2“ против климатските промени

Ана Ололовска

Шестгодишно дете направи 4.445 склекови за два часа

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инстаграм-блогерка се обиде да ја бојадиса косата, па остана ќелава

Ана Ололовска

Ѝ вратиле паричник украден пред 75 години

Ана Ололовска

Човек скокнал во Водопадите на Нијагара и преживеал

Ана Ололовска