Груевски нема да биде екстрадиран, одлучи судот

Експремиерот и азилант Никола Груевски нема да биде екстрадиран од Унгарија, одлучи тамошниот суд на денешното рочиште. Груевски ќе биде пуштен на слобода. Судијата образложи дека ваквата одлука е поради тоа што унгарскиот суд не може да му суди на Груевски за тоа што се случувало во Македонија, а Македонија не може да ја обжали одлуката на унгарскиот суд.

„Условите за екстрадиција не се валидни“, рече судијката.

Утрово, судот издаде наредба за приведување на Груевски, кој беше спроведен до судницата со две лица, кои најверојатно, се дел од безбедносните служби на Унгарија. Груевски бил приведен во т.н. 11 област во Будимпешта.

Рочиштето е затворено за медиумите, но одлуката е јавно соопштена.

Минситерството за правда бара екстрадиција за Груевски за тој да ја одлежи двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“ на СЈО, но и за организација на крвавите инциденти во Собранието на 27 април.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Заев: Груевски нарачува триесетка со кромид, разговорите за Нешкоски потврдија како се владеело

Галена Николовска-Ризвановиќ

Груевски на бизнис забава во Будимпешта

А1он

СДСМ: Единствениот пат по кој ќе оди Груевски е патот до казнено-поправна установа

Ана Ололовска

Груевски: Одржувајте го автопатот, немој да го видам оштетен кога ќе се вратам!

Ана Ололовска

Ако за Груевски нема пресуда до октомври, ќе му застари делото за кинеските автопатишта

Васко Маглешов

Груевски на ФБ: Гоце Делчев не бил Бугарин, можеа и помудро

Ана Ололовска