Кина забрани увоз на месо од Канада

Кина забрани увоз на свинско и говедско месо од Канада поради лажни извозни сертификати, објавија канадските власти.

Забраната, што стапи на сила од минатата ноќ во Отава, беше предизвикана од лажен сертификат за квалитет на свинско месо, соопшти канадскиот Совет за храна.

– Во моментов е нејасно зошто говедските производи се забранети, нагласува Советот, додавајќи дека канадската Влада побарала детали од кинески официјални лица.

Новинската агенција Ксинхуа на 18 јуни објави дека царинските службеници во источниот кинески град Нанџинг пронашле траги од раптопетамин, прехранбен додаток кој е забранет во многу земји во светот, и тоа во свински производи од канадската компанија „Фриго Ројал“.

Би можело да ве интересира

Кина нема да соработува со американски компании кои продаваат оружје на Тајван

Ана Ололовска

Ванг: САД да не си играат со оган во врска со Тајван

Татјана Ташкова

Во Кина уапсени 16 странци и тројца Кинези за употреба на дрога

Авион на „Ер Канада“ принудно слета поради силни турбуленции

Русија и Кина повикуваат на воздржаност во Ормутскиот теснец

Ана Ололовска

Русија со автопат долг 2.000 километри ќе се поврзе со Кина

Татјана Ташкова