Рама: Опозицијата си поигрува со судбината на земјата

Опозицијата си поигрува со судбината на земјата, тоа е антинационален план со цел да се спречи членствотово ЕУ – вака албанскиот премиер Еди Рама ја оцени најавата на опозицијата да го блокира гласањето на 30 јуни.

Рама, на изборниот митинг во северниот град Тропоја, рече дека опозицијата денес вреска поради страв од правда, која треба да функционира за сите кога ќе се отворат преговори со Европската унија.

-Тие врескаат од страв, чувствуваат голем страв од отворање на преговори со ЕУ, бидејќи со отворањето на преговорите започнува ново поглавје со ЕУ. Повеќе не е време да и се каже на Албанија дека треба да го донесе овој закон, туку време е Албанија да седне на маса и да каже сакам да влезам во семејството, а тогаш тие ќе велат дека треба да докажете дека правдата функционира за сите, рече Рама.

Во врска со судирот со претседателот, Рама рече дека „Илир Мета го презел делот од институционалното насилство, молотви коктели врз институцииите и фрлање молотови коктели врз Америка и Европа“.

Рама во овој град беше пречекан со протест, дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата кои во еден момент го пробија кордонот. Според медиумите, за безбедноста при денешниот престој во севернот дел на земјата биле ангажрани над илјада полициски службеници. Освен во Тропоја, Рама изборен митинг има и во Кукс.

Би можело да ве интересира

Мета во „конфликт“ и со албанската Академија на науките

Ана Ололовска

Мета добитник на меѓународната награда „Златен лав“

Ана Ололовска

Мустафај: Албанија е во состојба на лудило и антиуставност

За осум години грчко државјанство добиле 200.000 албански граѓани

Ана Ололовска

Во Тирана уапсен руски државјанин учесник во ИД, пристигнал како имигрант

Ана Ололовска

Европол отвори канцеларија за врски во Тирана

Ана Ололовска