Прв Интернационален семинар за фудбалски тренери во Пехчево

Од 27 до 30 јуни оваа година, Пехчево ќе биде домаќин на првиот Интернационален семинар за фудбалски тренери во Македонија.Темата на семинарот, како што информираат организаторите од „ИСФЦ Македонија“, ќе биде „Учиме од шпанскиот фудбал“, а меѓу учесниците е најавено присуство на искусниот шпански тренер Фран Алонсо.

– Настанот ќе биде фантастична можност да се учи од најдобрите. Главен предавач на семинарот ќе биде Фран Алонсо, тренер кој има 15-годишно фудбалско искуство, од кои шест години како дел од Премиер – лигата. Работеше во Саутемптон и во Евертон. Беше прв асистент на Маурисио Покетино, Роналд Куман, Семи Ли и на Сем Алардајс, велат од „ИСФЦ Македонија“.

Меѓу останатите тренерски имиња кои ќе бидат дел од семинарот, како што додаваат организаторите, се и УЕФА лиценцираните фудбалски тренери Роберто Родригез Санчез, Пабло Доминго, Карлос Касиљас и Пабло Ордоњес.
Настанот е прв од ваков вид што се организира во Источна Македонија.

Би можело да ве интересира

ФК „Каменица Саса“ повторно дел од Втората фудбалска лига

Ана Ололовска

ЛЕ: Шкупи одигра нерешено со Пјуник

Шкендија го претстави новиот дрес

Ана Ололовска

Јуан Фелипе ново засилување на Шкендија

Ана Ололовска

Младинците на ФК „Брегалница Делчево” го завршија фудбалскиот камп во Дојран

Ана Ололовска

Заврши Интернационалниот семинар за фудбалски тренери во Пехчево

Ана Ололовска