СДСМ: Мицкоски се уште го брани криминалот на Никола Груевски и тоа е единствениот негов фокус и константа

Одговорност е мисловна именка за ВМРО-ДПМНЕ. 11 години режимот на Никола Груевски контролираше се, ВМРО-ДПМНЕ создаде криминален систем со кој го штитеше криминалот и криминалците во своите редови, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Мицкоски се уште го брани криминалот на Никола Груевски и тоа е единствениот негов фокус и константа. Денес законите важат еднакво за сите и секој за кој ќе се докаже дека е виновен сноси одговорност согласно законските норми .

Уште една лага во низата кои ВМРО -ДПМНЕ секојдневно ги шират е и наводното фалсификување на записник од страна на министерството за пријавен случај за физички напад за што МВР веднаш излезе со демант.

Напротив, преземени се сите мерки и активности за расчистување на случајот со објавената аудио снимка и по комплетирањето на сите потребни докази ќе се поднесе соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Претходно, осуда за насилство беше упатена и од претседателот на СДСМ, Зоран Заев и од самата партија, а воедно беше упатен и повик истражните органи да утврдат дали и каква одговорност постои.

Ако порано полицијата под директива на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ , служела за заташкување на кривични дела, режирање на апсења и случаи, одмазди и притисоци, денес на само две години од владеење на СДСМ тоа е минато.

Надлежните ограни денес работат транспарентно согласно позитивното право и закони, во заштита на правата и безбедноста на граѓаните.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски во одбрана на криминалот на Груевски решил да не дојде на лидерската средба

СДСМ: Срамно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за Охрид, проблемот тие го создадоа

Ана Ололовска

СДСМ: Мицкоски е во нов обид да го блокира напредокот на земјата

Ана Ололовска

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години се фокусираше на криминал и злоупотреби на Охрид

(ВИДЕО) Костадинов: Блокадите и деструкциите на Мицкоски нема да успеат

Ванчева Калевска: Не смее да има недопирливи за правдата

Ана Ололовска