Судењето за „Титаник“ продолжува на 5 јули

Судењето за изборни нерегуларности за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство продолжува на 5 јули, откако денешното рочиште се одложи поради отсуство на обвинетите Миле Јанакиески и Кирил Божиновски.

Јанакиески и Божиновски се наоѓаат во домашен притвор. Случајот се наоѓа во доказна постапка и досега се изведени околу 4.000 од над 5.900 предложени материјални докази од СЈО.

Предметот го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здтужување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Би можело да ве интересира

Здравев: Изненаден сум од она што се случи со СЈО

Ана Ололовска

ВИДЕО: Јанева не доаѓа на работа, а останува шефица на СЈО – обвинителите не знаат каде е

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Заев: Чекам да се докаже дали Јанева е инволвирана или злоупотребена

Галена Николовска-Ризвановиќ

Ванхојте: Обвинителите да се остават да ја вршат својата работа за случајот „Рекет“

Ана Ололовска

Обвинителство: Дезинформација е дека Јанева се апсела и дека се јавувала кај дипломати

Ана Ололовска

Левица: Правдата не може да биде испорачана од партиски пазарења и лидерски средби

Ана Ололовска