Во Тетово нападнат и повреден полицаец кој бил на интервенција со службата за подигнување возила

Полицаец е физички нападнат вчера на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово при вршење службена должност кога се подигнувало непрописно паркиран автомобил заедно со екипата на општинското претријатие за градски паркинг. Инцидентот се случил околу 16:30 часот, а по нападот приведен е напаѓачот Н.С (29) од Шемшово.

– Лицето Н.С (29) од Шемшово е приведен и задржан во полициската станица во Тетово за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопштија од СВР Тетово.

Полицаецот при нападот здобил и телесни повреди поради што е задржан на лекување во тетовската Клиничка болница.

За два месеци ова е втор напад врз полицаец во Тетово. На 30 април 49-годишен жител на Тетово заврши во полициска станица на распит откако на улицата „Илинденска“ во Тетово прво одбил да се легитимира, а потоа и почнал да бега. Откако бил стигнат, Ј.С. физички нападнал еден од полициските службеници. Лицето потоа е лишено од слобода и задржан во Полициската станица Тетово.

Во статистичката евиденција на СВР Тетово се бележат околу 40-тина напади за 2018-та година.

Би можело да ве интересира

Повреден рудар од пробиштипско Трипатанци

Ана Ололовска

Кривична пријава за едно лице осомничено за криумчарење мигранти

Гостиварец и дебранец го нарушиле јавиот ред и мир во Дебар

Ана Ололовска

Физичка пресметка кај Житен пазар во Кичево

Ана Ололовска

Приведени пет лица од Гостивар кај кои е пронајденo марихуана и кокаин

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Десетина тешки грабежи откако Спасовски е на чело на МВР, а ниту еден расветлен случај

Ана Ололовска