Трамп најави строги санкции за иранскиот врховен водач

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша указ со кој, како што рече, се воведуваат „тешки санкции“ за иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи.

Трамп изјави дека санкциите следуваат по „низата агресивни постапки на иранскиот режим во последните недели, меѓу кои и соборувањето на американско беспилотно летало“.

– Го продолжуваме притисокот на Техеран, изјави американскиот претседател, појаснувајќи дека санкциите би можеле да бидат во сила „со години“.

– Санкциите наведени во укаозт, ќе го спречат иранскиот врховен водач, неговиот тим и другите со кои е блиско поврзан да имаат пристап до основните финансиски средства, потенцира трамп.

Министерот за финансии Стивен Мнучин изјави дека „милијарди ирански средства“ ќе бидат замрзнати, и дека до крајот на неделава цел на санкции ќе биде и миранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф.

Би можело да ве интересира

Пентагон веројатно в четврток ќе добие нов шеф

Могерини: Трговскиот инструмент со Иран е отворен и за трети земји

Ердоган планира заедничко производство на оружје со Русија

Санкции од Вашингтон против Турција по годишнината од пучот

Меј: Изразувањето на Трамп за конгресменките е неприфатливо

Татјана Ташкова

Хант: Не се согласуваме со САД околу иранската криза, иако сме најблиски соработници

Ана Ололовска