Франција, Британија и Германија испратија предупредување до Иран

Франција, Британија и Германија испратија официјално дипломатско предупредување до Иран за сериозните последици со кои ќе биде соочен Техеран доколку не се однесува согласно нуклеарниот договор од 2015 година, изјавија денеска двајца неименувани дипломати.

Европските потписници на договорот поднесоа дипломатски демарш на 22 јуни, со цел да се предупреди Иран да не ги намалува своите обврски кон договорот.

Засега не е познато со какви последици може да се соочи Иран доколку не се придржува кон договорот.

Иран соопшти дека нема да им даде повеќе време на европските сили по 8 јули за спас на нуклеарниот договор.

Техеран нагласи и дека е подготвен да ја оствари заканата за збогатување ураниум на повисоко ниво, доколку Европа не го заштити Иран од санкциите на САД.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на Меркел тврди дека таа е добро и планира да го отслужи целиот мандат

Британија испраќа нов брод во Персискиот Залив

Меркел денеска работно го слави својот 65-ти роденден

Поради технички проблем, 2.500 куфери останаа на аеродромот во Дизелдорф

Ана Ололовска

Крамп Каренбауер е новата министерка за одбрана на Германија

Ана Ололовска

Американците се сомневаат дека Иран запленил танкер на ОАЕ во Ормутскиот теснец