Кабинетот на Мета: Одлуката на Изборниот колегум е оркестриран скеч

По соопштување на одлуката на Изборниот колегиум дека ќе се одржат избори на 30 јуни, првата реакција доаѓа од кабинетот на шефот на албанската држава Илир Мета.

Теди Блуши, портпарол на претседателот Мета, одлуката ја оцени како „оркестиран скеч“.

– Не е никакво изненадување од последователниот оркестриран скеч, напиша Блуши на социјалните мрежи.

Од кабинетот најавија дека претседателот Мета утре претпладне ќе одржи прес-конференција.

Претходно, Изборниот колегиум ја потврди одлуката на Централната изборна комисија со која се отфрла барањето на лидерот на Партијата за национално единство, адвокатот Идајет Беќири, ова политичка сила да се избрише од гласачките ливчиња.

Со одлуката на Колегиумот всушност се отфрла и уредбата на Мета за одложување на изборите.

Инаку, Беќири по излегување од седницата на Изборниот колегиум за медиумите изјави дека неговата партија ќе учествува на изборите на кои свои кандидатски листи за советници има во сите општини.

– Не постои ниту една друга институција каде може да се жалиме, затоа принудени сме да учествуваме на изборите како и сите Албанци, рече Беќири.

Би можело да ве интересира

Mета со апел до опозицијата за надминување на политичката криза во Албанија

Мета го обвини Рама дека ја оставил земјата без Уставен суд

Ана Ололовска

Албанската обединета опозиција согласна на 13 октомври да има тројни избори

Анкетната комисија ќе бара мислење од Венецијанската комисија за разрешувањето на претседателот Мета

Средба Мета-Баша за политичката криза во земјата

Ана Ололовска

Мета во „конфликт“ и со албанската Академија на науките

Ана Ололовска