Албанските социјалисти завршниот изборен митинг ќе го одржат во Валона

Албанската владејачка социјалистичка партија, на премиерот Еди Рама, која ја предводи изборната коалиција „Алијанса за европска Албанија“, завршниот изборен митинг ќе го одржи в петок, 28 јуни во приморскиот град Валона.

Ова е одлучено на денешната седница на партиското претседателство, на која Рама меѓу другото побарал да се документра секој евентуален инцидент на денот на изборите.

-Да се документира секој едевнтуален на денот на изборите. Да се гарантира непречено одвивање на изборниот процес. Да бидеме коректни со изборниот процесот. Да се почитува изборниот законик. Кој го допре гласањето и манипулира со гласањето, ќе одговора пред законот. На 30 јуни да имаме изборен процес според стандардите, порачал Рама.

Социјалистите и на последните два изборни циклуси завршните митинзи ги одржаа во Валона од која изборна единица Еди Рама е избран за пратеник.

Во меѓувреме лидерот на Демократската партија,Љуљзим Баша, на итна средба ги свика лидерите на политичките партии кои се дел од обединетата опозиција,на која ќе се дискутира околу активностите на опозцијата во оваа последна недела пред изборите.

Би можело да ве интересира

Mета со апел до опозицијата за надминување на политичката криза во Албанија

Мета го обвини Рама дека ја оставил земјата без Уставен суд

Ана Ололовска

Албанската обединета опозиција согласна на 13 октомври да има тројни избори

Анкетната комисија ќе бара мислење од Венецијанската комисија за разрешувањето на претседателот Мета

Средба Мета-Баша за политичката криза во земјата

Ана Ололовска

Мета во „конфликт“ и со албанската Академија на науките

Ана Ололовска