Прв пат избран Кинез за шеф на Агенцијата за земјоделство на ОН

Кинескиот заменик-министер за земјоделство Кју Донгју денеска беше избран за нов генерален директор на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

На самитот на 194 земји членки во седиштето на таа организација во Рим, се гласаше за тројца кандидати.

САД го поддржаа поранешниот грузиски министер за земјоделство Давит Кирвалидзе, додека кандидатот за ЕУ беше поранешниот француски министер Катрин Геслан Ланел.

Кју е првиот функционер од комунистичка земја на таа позиција.

Тој на функцијата генерален директор на ФАО ќе го наследи Жозе Гразиано де Силва, а неговиот мандат ќе трае четири години.

Би можело да ве интересира

Кина нема да соработува со американски компании кои продаваат оружје на Тајван

Ана Ололовска

ОН: Индија за десет години извлече од сиромаштија 271 милион луѓе

Ванг: САД да не си играат со оган во врска со Тајван

Татјана Ташкова

Во Кина уапсени 16 странци и тројца Кинези за употреба на дрога

ОН покренува истрага на Филипини поради „војната против дрогата“

Русија и Кина повикуваат на воздржаност во Ормутскиот теснец

Ана Ололовска