Едно лице потешко повредено на новите блокади на Жолтите елеци

При еден од бројните собири на Жолтите елеци денеска во Сен-Аволд, источна Франција едно лице е повредено од автомобил откако возачот се обидел да ја помине барикадата поставена од демонстрантите, јави дописникот на МИА.

Повредениот е хоспитализиран, додека возачот е приведен.

По првите масовни манифестации и блокади кои почнаа на 17 ноември 2018 година, секоја сабота во Франција протестираат приврзаниците на движењето Жолти елеци. По слабата мобилизација изминативе неколку саботи, организаторите најавија враќање на стариот метод – блокадите.

На повеќе места во Франција денеска има блокади најчесто на пристапите до трговските зони или на автопатиштата и значајните патни правци. Така во Сан Мало, повеќе стотици автомобили кои требаше да патуваат со ферибот за Велика Британија се блокирани на влезот од пристаништето..

Инаку од почетокот на демонстрациите на Жолтите елеци загинаа 11 луѓе, а повредени се повеќе стотици лица како кај демонстрантите, така и кај силите на редот.

Би можело да ве интересира

Околу 2.500 кампери евакуирани поради пожар во Франција

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Макрон одржа говор на српски: Србија е во нашите срца засекогаш

Ана Ололовска

Инциденти по победата на Алжир: Во Франција уапсени 282 лица

Ана Ололовска

Макрон во дводневна официјална посета на Белград

Уапсени 152 лица за време на воената парада во Париз

ВИДЕО: Спектакуларна сцена на парадата во Париз: Летечки човек со пушка пред Макрон

Татјана Ташкова