СДСМ: Просечната плата зголемена за 2 илјади денари, за прв пат државата враќа пари од ДДВ назад кај граѓаните

„За првпат директно од Буџетот кај граѓаните се враќа дел од платениот Данок на додадена вредност.

Со поврат на 15 отсто од платеното ДДВ се обезбедува дополнителен приход на крајот од годината во секое домаќинство.

Во изминатите две години, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во април 2019 година изнесува 24 785 денари и е за 3.5% повисока во однос на април 2018 година.

Просечната плата за две години порасна за 2 илјади денари.

По години економска стагнација и осиромашување на граѓаните, за само две години економијата повторно расте и се развива, имаме вистинска,конкурентна и силна економија која создава шанса за сите.

Укинувањето на радиодифузната такса, воведувањето на евтината тарифа за струја, зголемувањето на социјалната помош до 300 отсто, намалувањето на трошоците за извршители и нотари ,како и намалувањето на казните за правни и физички лица до 75 отсто и повратот на ДДВ од 15 отсто се само дел од економските реформи и директен доказ за домаќинското и одговорно однесување на Владата предводена од СДСМ.

Зборот важи! Владата предводена од СДСМ ги враќа парите назад кај граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Костадинов: Мицкоски во одбрана на криминалот на Груевски решил да не дојде на лидерската средба

СДСМ: Срамно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за Охрид, проблемот тие го создадоа

Ана Ололовска

СДСМ: Мицкоски е во нов обид да го блокира напредокот на земјата

Ана Ололовска

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години се фокусираше на криминал и злоупотреби на Охрид

(ВИДЕО) Костадинов: Блокадите и деструкциите на Мицкоски нема да успеат

Ванчева Калевска: Не смее да има недопирливи за правдата

Ана Ололовска