Едно лице загина откако камион удри во „БМВ“ на скопска обиколница, повредени и двајца полициски службеници

Едно лице загина, а тројца се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на скопската обиколница во која учествуваa патничко и полициско возило и камион.

Според првичните информации од МВР, во несреќата загинал совозачот во „бмв“-то, а повредени се возачот и двајца полициски службеници.

-Несреќата се случила во моментот кога полицаец, кој вршел редовна контрола на брзината на движење на возилата, го запрел автомобилот „бмв“. Додека запирал во него удрил камнион „ман“, а од ударот автомобилот удрил во полициско возило „шкода јети“, наведуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скопјанец го бркаа со сатар низ Лептокарија бидејќи се пожалил на високата сметка

Кристијан Ландов

15-годишно девојче од Прилеп паднало во провалија

Ана Ололовска

Со хеликоптер извлечено 15-годишно девојче од Селечка Планина кај Прилеп

Гостиварец и дебранец го нарушиле јавиот ред и мир во Дебар

Ана Ололовска

Кавадарчанец со остар предмет му нанел убодна рана на сограѓанин

Ана Ололовска

Едно лице повредено во расправија на „Џон Кенеди“